Европол во интерен документ издаде предупредување до полициските власти на земјите членки за нов криминален пазар на лажни, односно неупотрбливи средства за заштита од коронавирус, пишува германски „Шпигел“.

Според Европол, криминалците им нудат на државните установи и болници фалсификувани тестови за коронавирус и целосно небезбедни и неупотребливи заштитни маски и дезинфекциски средства.

Според „Шпигел“ и германските власти забележале раст на кривични дела поради вакви измами.

Европол предупредува дека ќе дојде до обиди за измами и тогаш кога ќе биде пронајдена делотворна вакцина против коронавирус.

„Тоа сигурно ќе предизвика бран понуди на лажни вакцини“ наведува Европол.

извор: Makfax