Во внатрешен документ, Европол упати предупредување до полициските власти на земјите-членки на ЕУ за појава на лажни и неупотребливи средства за заштита од коронавирусот.

Како што пренесува германскиот весник „Шпигл“, според Европол, криминалците на државните институции и болници им нудат фалсификувани тестови за коронавирус и целосно несигурни и неупотребливи заштитни маски и средства за дезинфекција.

Како што додава „Шпигел“, германските власти забележале драстично зголемување на  ваквите кривични дела.

Европол претпоставува дека ќе се направи обид за измама и веднаш штом ќе се најде ефективна вакцина против коронавирус.

„Ова е предзнак дека не треба да изненади и евентуална појава на  понуди од лажни вакцини“, посочува Европол.