Европа е антимуслиманска
Антимуслиманската настроеност во Европа ја предизвика одлуката која ја донесе Меѓународниот суд на правдата во Хаг, според која Србија не извршила геноцид во Босна и Херцеговина, изјави бошњачкиот претставник во Претседателство на БИХ, Харис Силајџиќ. Според него, Европа е “поблагонаклона кон српскиот територијален експанзионизам, отколку кон демократијата за која се борат босанските муслимани”.