x

Евролига: ЦСКА за пола кош подобра од “кралевите“…

cska-kosarka

Вечерва се играа дел од натпреварите од 11.коло во Евролигата. Најинтересно беше во Москва, каде домашниот состав на ЦСКА со 74-73 успеа да го победи Реал Мадрид и со тоа да се задржи во горниот дел на табелата. Џејмс со 28 поени беше одличен за домашниот состав.

Ц. Звезда немаше сила да слави над добриот тим Анадолу Ефес. Белградските „црвено – бели“ дома загубија од турскиот тим со 64-75. Ларкин со 18 поени од тимот на Анадолу, беше најдобар на овој натпревар. Зенит на гости кај Жалгирис успеа да слави со 83-75. Ова се важни бодови за тимот од Санкт Петербург. Холинс со 20 поени беше прв поентер на мечот.

Алба во Берлин со Химки успеа да триумфира со 100-80, ова е најубедливата победа вечерва.

Олимпијакос во Пиреја е совладан од шпанската Басконија со 76-90. Драгиќ, кошаркарот на Басконија, со 18 поени беше најдобар стрелец на овој меч.

И во последниот вечерашен меч во Тел – Авив, каде се играа продолженија, во трилер финиш, Милано со 86-85 успеа да го совлада домашниот тим на Макаби.

РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО

ЦСКА Москва – Реал Мадрид 74-73

Ц. Звезда – Анадолу Ефес 64-75

Жалгирис – Зенит 75-83

Алба – Химки 100-80

Олимпијакос – Басконија 76-90

Макаби – Милано 85-86

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата