x

ЕВРОЛИГА: Кошаркарското „Ел Класико“ за Барса

real-barca-kosarka

Кошаркарите на Барселона беа подобри од Реал Мадрид во дербито во Евролигата. Избраниците на Јасикевичиус ја остварија третата победа оваа сезона, додека екипата од Мадрид стигна до четвриот пораз.

Реал продолжи со бледите партии и ситуацијата е навистина алармантна.

Клучна за победата беше третета четвртина, која Барса ја доби со 30:13.

Во другите мечеви, Баерн беше подобар од Олимпијакос со 74:68, додека Макаби Тел Авив дури по продолженијата го совлада тимот на Химки на гости со 89:87.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата