x

Евролига: Играчите ќе се тестираат и по двапати неделно, публика може ако земјата дозволи

euroleague-basket

Останува уште еден месец до почетокот на Евролигата, а раководството на ова натпреварување направи предлог правилник за тестирање на кошаркарите за Ковид-19.

Според информациите, играчите ќе бидат тестирани најмалку еднаш неделно во текот на сезоната. Тој тест ќе се направи три дена пред натпреварите, а во земјите каде што инфекцијата е силно раширена, ќе се направи и втор тест. Тој ќе се прави ден пред натпреварот.

Евролигата нема да ги објавува имињата на оние играчи или членови на тимовите кои се заразени, освен ако тие самите не излезат во јавноста.  Евролигата исто така нема да побара целиот тим да биде изолиран во случај на позитивен резултат. Играч кој би бил заразен мора да оди во изолација две недели и ќе биде тестиран уште двапати. За да се врати на теренот, тој мора да биде негативен двапати.

Евролигата е исто така подготвена да им дозволи на навивачите да се вратат на трибините, но таа одлука сепак ќе ја остави на секоја земја поединечно, во зависност од ситуацијата со коронавирусот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата