x

ЕВРОЛИГА: Барселона со пресврт до победа во Атина – прва после 2015!

Кошаркарите на Барселона продолжија во победнички ритам во Евролигата. Вечерва триумфираа во Атина против Панатинаикос што е нивни шести триумф по ред во најсилната клупска кошаркарска лига. Барса губеше по првото полувреме од „зелените“ со 45:38, меѓутоа во третата и четвртатта четвртина заигра многу подобро и го реши мечот во своја корист. Посебно тимот беше расположен во последната четвртина која ја доби со 25:12.

Па така конечниот резултат е 92:81 за трета победа по ред над Панатинаикос и прва во Атина после 2015 година.

Кај Панатинаикос најпрецизен беше Фредет со 13 поени, Калатес реализираше 10. Кај Барселона Никола Миротиќ постигна 20 поени, Кори Хигинс 17, а Малколм Делејни постигна 15 поени.

Претходно ЦСКА ја победи Звезда во Белград (86:81), а Анадолу Ефес со 88:63 триумфираше над Баерн во Минхен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата