x

Евролига: “Армејците“ си поигруваа со Анадолу Ефес, Жалгирис “експрес“…

cska-moskva

Вечерва се одиграа пет натпревари од 14.коло во Евролигата. ЦСКА Москва просто си поигруваше со турскиот Анадолу Ефес и го совлада со 100-65, повеќе од убедливо. Фенербахче на својот паркет во Истанбул одново со пораз. Овојпат турскиот гигант загуби од Милано со 71-79. Жалгирис немаше никакви проблеми против шпанската Басконија, совладувајќи ја со 92-73.

Во Белград се играа продолженија откако во регуларниот дел од мечот меѓу Ц. Звезда и Алба Берлин заврши 76-76. Во тие дополнителни минути гостите беа подобри славеа со 90-84. Уште еден шок за фановите на “црвено – белите“ од Белград.

И во последниот вечерашен меч, во Атина, кој беше најнеизвесен, Реал Мадрид го доби домаќинот со 97-93 и тоа по продолженијата. “Кралевите“ водеа се до последната четвртина кога Грците заиграа одлично и го добија тој период со 20-12, но тоа беше доволно само да се замина во продолженија со оглед на тоа дека резултатот беше 68-68. А таму тимот од Мадрид беше подобар и заслужено победи.

РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО

ЦСКА МОСКВА – АНАДОЛУ ЕФЕС 100-65

ФЕНЕРБАХЧЕ – МИЛАНО 71-79

Ц. ЗВЕЗДА – АЛБА БЕРЛИН 84-90 (продолженија)

ЖАЛГИРИС – БАСКОНИЈА 92-73

ПАНАТИНАИКОС – РЕАЛ МАДРИД 93-97 (продолженија)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата