x

Евролигата свика итен состанок

euroleague-basket

Евролигата свика итен состанок со претставниците на 11 лиги од кои доаѓаат учесниците на елитното кошаркарско клупско натпреварување.Состанокот ќе го водат лидерите на АБА-лигата, АЦБ-Шпанија, германската Бундес лига, БСЛ Израел и БСЛ-Турција, ХЕБА од Грција, Палаканестро Италија, ЛКЛ Литванија, ЛНБ Франција, ПБЛ Белгија и УБЛ, поранешни советски републики.

Планот е да се направи договор за продолжување на сезоната во Евролигата и Еврокупот, бидејќи со оглед на зголемениот број на лица заразени со коронавирус во Европа, границите ќе бидат затворени, а новите строги мерки, па дури и карантини во некои земји се закана за натпреварувањето.

Секој од лидерите ќе ја претстави ситуацијата во својата земја или регион и ќе објасни како гледаат на продолжението на натпреварувањето, а потоа ќе се направи договор во врска со тестовите и повторното одржување на откажаните натпревари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата