Официјалниот евровизиски клуб на евровизиски обожаватели ОГАЕ Македонија, в недела, на 13 февруари во клубот Елемент, организира забава со евровизиска музика. Освен тоа што ќе бидат емитувани најголемите евровизиски хитови, како гости на вечерата ќе се појават и двајцата кандидати за овогодишната Евровизија, Александра Пилева и Мартин Вучиќ, а поканети се и поранешните македонски евровизиски претставници. Ова задоволство, изразено во пари, ќе изнесува само сто денари. Во врска со двајцата кандидати за Евровизија (кои ќе се натпреваруваат на 19 февруари), списокот на песни кои се примени се од следниве автори- за Александра Пилева. 1. текст- Владо Јаневски, аранжман – Дарко Димитров. 2. музика и текст – Калиопи, аранжман -Дарко Димитров. 3. музика и текст – Весна Малинова, аранжман – Дарко Тасев, 4. музика, текст и аранжман – Александар Ристовски- Принц За Мартин Вучиќ- 1.музика – Драган Вучиќ, текст – Огнен Неделковски. (Бранка Костиќ англиска верзија), аранжман – Дарко Димитров, 2. музика – Григор Копров, текст – Огнен Неделковски, аранжман – Владимир Дојчиновски-Дојчин. 3.музика – Горан Алачки, текст – Маја Павловска, аранжман – Саша Николовски, 4. музика – Марко Маркоски, текст – Врчак, аранжман – Роберт Билбилов. (Ва.Ѓ.)