Нема човек кој не се запрашал барем еднаш какво е чувството и што точно ни се случува во главата додека умираме. Сега благодарение на хемичарите, се знае точно што ќе почувствуваме – и зошто некои луѓе гледаат светлина кога се соочуваат со клиничка смрт.

Кога настапува клиничка смрт – срцето престанува да работи и престанувате да дишете. Во овој момент мозокот се уште работи – и тогаш, се создава вистинска магија. Всушност, последните истражувања покажале дека мозокот во текот на овој период е во хипер состојба на перцептивните невроактивности, поточно работи како луд! И токму тоа е причината, велат научниците, зошто некои луѓе кои преживеале клиничка смрт, а потоа кажуваат дека виделе светлина, или некои други работи.

Меѓутоа, ако во ваша близина нема итна помош и амбулантно возило за да ве врати во живот, мозокот ќе престане да работи и доаѓа до биолошка смрт. Па затоа, ако ја гледате таа светлина, и нема никој да ви помогне, тоа е јасен знак дека е време, светлината засекогаш да згасне.