VTI Technical Reaserch Centre од Финска ги проучувал навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина во текот на четири месеци. Истражувачите на чело со доктор Ана-Лена Вуориен откриле дека здравите луѓе за појадок обично јадат три видови на намирници.

Овошјето било најпопуларниот избор за 51 отсто од испитаниците, млечните производи биле јадење за 41 отсто, додека конзумацијата на житни снегулки или мусли со ладно млеко била избор на 33 отсто од испитаниците.

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат својот ден со овој вид на храна.

Најинтересното од се’ е тоа што само 26 отсто од испитаниците признале дека со појадокот пијат кафе, додека остатокот (74 отсто) рекле дека одат на работа и ги извршуваат своите обврски без помош на кофеин.

Наместо ограничување на исхраната и избегнување на омилената храна, прекумерната телесна тежина може да се спречи ако личноста научи да ги слуша потребите на својот организам.