Според податоците за излезноста на изборите во Штип објавени од Државната изборна комисија, до15:00 часот во Штип гласале 9.620 лица, но за да се достигне потребната излезност до затворањето на избирачките места треба да излезат уште 4.306 гласачи.

Од друга страна пак, Пласница го достигна прагот со тоа што досега глсаа повеќе од една третина односно 1.658 од вкупно 4. 954 гласачи

Општините Штип и Пласница денеска избираат нови градоначалници, кои ќе имаат мандат од 9 месеци односно до одржувањето на редовните локални избори есента 2021 година.

Меѓутоа, за да бидат успешни денешните избори треба да гласаат една третина од гласачите, во спротивно изборите ќе пропаднат и целата постапка ќе се спроведува од почеток.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина, пишува во ставот 2, член 132 од Изборниот законик.