Владата на Ирак нареди итен преглед на опасните материјали во пристаништата и аеродромите и откри дека амониум нитрат е складиран на меѓународниот аеродром во Багдад.

По страотната експлозија во Бејрут која беше предизвикана од амониум нитрат, ширум светот се појави загриженост околу неговото складирање.

Хемикалијата многу се користи во целиот свет, како ѓубриво или за експлозив во рударството.
Меѓутоа постојат строги прописи за тоа каде може да се чува и колку долго, а локацијата често се чува во тајност поради неговиот потенцијал за правење бомби пренесува Би Би Си.

Индија
Речиси 740 тони се чувале пет години во 37 контејнери на 700 метри од станбеното подрајчје, околу 20 километри оддалечено од Ченај, еден од најголемите градови во Индија.

За тоа време властите во јужната држава Тамил Наду водеа илегална борба против компанијата која го увезла амониум нитратот од Јужна Кореја во 2015 година, тврдејќи дека е за земјоделска упореба.

Истрагата открила дека компанијата ја набавила супстанцијата под неважечка лиценца и дека ја продава на „неидентификувни приватни лица“ и компании кои претходно се занимавале со рударство.

Мало количество е отстрането откако местото е оштетено во поплавите до 2015 година, а преостанатите 697 тони сега се продадени на аукција и пренесени во соседната држава Теланган.

Јемен
Државниот обвинител во, со војна разорениот Јемен нареди истрага откако во медиумите се појавија извештаи дека повеќе од 100 контејнери со амониум нитрат се чуваат во јужното пристаниште Аден.

Се наведува дека хемикалијата е увезена пред три години и дека ја заплениле силите под водство на Саудсика Арабија со поддршка на владата признаена од ОН.

Силите распоредени во ова пристаниште се одговорни за складирање на овој опасен товар, кој се проценува дека вклучува 4.900 тони амониум нитрат, сместен во 130 контејнери, рече гувернерот на Аден, Тарик Салам.

Меѓутоа, владината корпорација во заливот во Јемен „Аден Портс Коропорешн“ соопшти дека контејнерите всушност се користат за складирање на „органска уреа, која се користи за земјоделско ѓубриво“.

Не се ниту експлозивни ниту радиоактивни и не е забрането да се складираат, рече корпорацијата.

Ирак
Владата на Ирак нареди итен преглед на опасните материјали во пристаништата и аеродромите и откри дека амониум нитрат е складиран на меѓународниот аеродром во Багдад.

Воено инженерската управа на ирачкото министерство за одбрана безбедно ги пренесе високо опасните материјали од одделот за воздушен транспорт на аеродромот Багдад до нивната дестинација, Воено инженерската управа, твитна воен функциониер на 9 август.

Австралија
Дури и пред експлозијата во Бејрут луѓето во Њукасл во Нов Јужен Велс побараа да се отстрани големото складиште со амониум нитрат на околу три километри од центарот на градот.

Меѓутоа, Орика, компанијата која ја снабдува рударската индсутрија со експлозив, рече дека тој безбедно се чува во подрачјата кои се „отпорни на пожари и градени исклучиво од незапалливи материјали“.

Според некои податоци амониум нитратот се чува на 170 многу регулирани надгледувани локации ширум регионот.

Велика Британија
Покрената е истрага за складирањето на амониум нитратот во големот пристаниште во Линколншир во Имингам, како и на други места во регионот Хамбер.

АБП, која управува со локациите, вели дека пристаништата во Велика Британија мора да се придржуваат кон строгите прописи и да обезбедат дека со овој материјал безбедно се ракува и исто така се чува.

Во меѓувреме, компанијата со седуште во пристаништето Портсмут го повлече барањето за складирање на амониум нитрат и соопшти дека супстанцијата нема да помине низ локацијата.

Иако ветувањето дојде по експлозијата во Бејрут, од компанијата велат дека тоа е од деловни причини.