Последните  апликации кои ги симнуваме на нашите телефони ни овозможуваат да ги броиме чекорите што ги правиме секој ден, со надеж дека овој вид физичка активност го подобрува нашето здравје. Експертите секогаш препорачуваат дека треба да се врши физичка активност секој ден и да се прават барем неколку илјади чекори. Дали 10.000 чекори се доволни за подобрување на здравјето? Дали треба да пешачите повеќе или помалку?

Она што треба да знаете е дека бројот на чекори што треба да ги правите секој ден зависи од вашата телесна тежина и целта што си ја поставивувате на себе. Според податоците, еден човек прави просечно по 4.000 чекори на ден. Ако сакате да ја постигнете целта од 10.000 чекори на ден, што значи околу 6 километри идеално е да пешачите плус 1.000  чекори секој ден за две недели. Ако веќе сте ја достигнале целта од 10.000 чекори на ден, или ако сте активни и сакате да изгубите тежина, дефинитивно треба да поставите нова цел.

Вредностите на пешачењето  за нашето здравје

Пешачењето е вид на физичка активност што секој може да ја изврши. За да оди, на човекот му треба добар и удобен пар патики за нозете. Секоја друга опрема е непотребна. Според студиите, одењето како редовна физичка активност може да го намали ризикот од развој:

-Срцеви болести

-Прекумерна тежина

-Дијабетес

-Висок крвен притисок

-Депресија