Фарбање на коса дома со себе носи дилема дали косата треба да се фарба кога е чиста или кога е масна, колку често треба да се фарба, кој процент на хидроген да се купи…

Еве го одговорот

Косата многу подобро ја прима фарбата кога е масна, односно нечиста. Затоа пред фарбање коста треба да ја оставете малку да се замасти, да не ја миете три до четиро дена.

Кога станува збор за зачестеност на фарбање, тоа зависи од повеќе фактори, која боја користете, колку е квалитетна, дали коста е оштетена, се покриваат ли белите влакна со бојата или не.

Генерално правило е косата да се фарба еднаш месечно.

Доколку со фарбање не се покриваат седите влакна, период од два третмана може да се намали за една недела или седите влакна да се фарбаат на секоја трета недели. Во најголем случај за три недели косата израснува толку со што подникната коса се гледа но доколку проценете дека тоа е поднесливо, поштедете ја косата од фарбање.

Што се однесува до јачината на хидрогенот, шест процентен хидроген може да се употребува за фарбање на било која коса и тој не ја менува нијансата на бојата.

Добро би било фарбањето на косатада го започнувате од тилот бидејќи тој дел на косата секогаш е потемен во однос на останатот дел, затоа коста поделете на половина на тилот со што прво едната половина до слепочницата, а потоа другата половина исто така, потоа од темето кон челото.

Во случаи каде што косата е подникната малку повеќе од вобичаено, добро би било коренот на косата да се исфарба, да се остави 10 минути да стои а потоа останатиот дел од косата.

Исто така доколку косата се фарба со иста нијанса боја која веќе ја имате, може да се употреби и трипроцентен хидроген.