Врз основа на податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), во Градот Скопје СДСМ освоила 21 советник, ВМРО-ДПМНЕ 17, ДУИ три, Беса двајца и по еден советник Алијанса на Албанците и Левица. Во мандатот 2013-2017 година мнозинството во советот на Град Скопје го имаше ВМРО-ДПМНЕ со 22 советници, СДСМ имаше 14, ДУИ петмина, ДПА тројца и ДОМ еден.

Според Државната изборна комисија ова се новите членови на Советот на Град Скопје:

Коалиција на СДСМ – Билјана Секуловска Габер, Љубица Јанчева, Васко Лазаревски, Бесим Лјимани, Игор Велјаноски, Анжелика Апчевска, Ирена Станкоска, Петар Шапе, Бојан Ивановиќ, Христа Најданов, Соња Глинџарска, Драги Давчевски, Агон Саити, Михаела Иванова, Бранко Георгиевски, Константин Кратовалиев, Арзу Камбер, Боре Еркечов, Александра Јованоска и Ќамуран Реунаерт.

Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, Мухамед Амети, Ирена Мишева, Михајло Маневски, Јован Лазарев, Светлана Колариќ, Анета Стојановска Стефанов, Алекандар Трајановски, Јелена Жугиќ, Саит Алеиви, Владо Поповски, Ирена Попова, Али Берат, Василка Китановиќ, Ерџат Селими, Мирдита Салиу и Лука Кржалоски

ДУИ – Бесник Ајет, Енвер Малиќи и Халиде Палоши

БЕСА – Садат Рамадани и Ибуш Јусуфи

Алијанса за Албанците – Фадиљ Ника

Левица – Драгана Велковска.

Од скопските општини најмногу советници – СДСМ има освоено во Центар 16, додека ВМРО-ДПМНЕ има седум. Во Аеродром СДСМ доби 15 општински советници, а ВМРО-ДПМНЕ 12. Во Карпош СДСМ ќе има 14 советници, ВМРО-ДПМНЕ шест, ГРОМ двајца и Левица еден. Во советот на Ѓорче Петров СДСМ ќе има 13 советници, а ВМРО-ДПМНЕ 10. Во Кисела Вода СДСМ ќе има 12 советници, додека ВМРО-ДПМНЕ 11. Во Шуто Оризари СДСМ доби осум советнички мандати, Сојузот на Ромите седум, ДУИ два и по еден Беса и Алијанса на Албанците. Во скопската општина Бутел ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по осум советници, а Алијансата на Албанците, БЕСА и ДУИ по еден. Во советот на Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ има освоено 14 советнички мандати, СДСМ 12, додека коалицијата на БЕСА, ДУИ и Алијанса на Албанците еден.

Претставниците на албанските партии доминираат во Сарај и Чаир. ДУИ во Сарај ќе има 10 советници, БЕСА петмина, а Алијанса на Албанците четворица. Во Чаир ДУИ има девет, БЕСА 8, а ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по четворица, а Алијанса на Албанците двајца.

Листите за советници би можеле да претрпат промени имајќи ги предвид веќе поднесените приговори.