Македонија ја очекува вакцината против коронавирусот која треба да ја стави под контрола пандемијата, а министерот Венко Филипче одговарајќи на ноовинарско прашање одговори кој нема да треба да се вакцинира.

Според министерот Филипче засега не се препорачува вакцинирање на деца, а се смета дека и луѓето кои што го прележале КОВИД-19 и имаат антитела, се доволно заштитени и не треба да бидат во групата за вакцинација.

Сепак, додаде дека ова го вели со резерва, со оглед на тоа што постојано пристигнуваат нови информации и се прават анализи во врска со вакцините и антителата кај оние кои ја прележале болеста, така што е можно во периодот што следува да има измена во овие ставови.

-Тука се поставува и едно друго прашање, дали ќе има некакви сертификати за вакцинираните. Тоа е едно прашање кое што го следиме и за кое што интензивно комуницираме со Светската здравствена организација. Можно е да се бараат при патувања, од авио компании, на граници и тн. Така што, за сега овие се ставовите, но можно е да има и нови препораки, рече министерот Филипче.