Пушењето во затворен простор остава непријатна трага што се провлекува во нашата облека, но и на завесите како и мебелот. За да се ослободите од непријатните мириси или барем да ги ублажите, испробајте неколку едноставни трикови кои навистина делуваат.

1. Оцет или јаглен – Истурете малку вински оцет или парчиња активен јаглен во неколку садови и ставете ги во просторија каде што се пушат цигари. Ако имате деца или домашни миленици, ставете ги садовите на повисоко. Јагленот, како и оцетот, ги апсорбираат и неутрализираат непријатните мириси.

2. Парфем на сијалица – Нанесете малку од омилениот парфем на ладна електрична сијалица. Кога светлото ќе се запали и сијалицата ќе се загрее и ќе се прошири пријатен мирис, кој барем делумно ќе ги маскира чадот и мирисот на цигарите.

3. Кесички за ормар со природен мирис  – Ако сметате дека вашите модни додатоци како што се нараквици, капи или шалови го апсорбираат мирисот на цигарите, а планирате да ги носите во текот на следниот ден, оставете ги на отворено еден час да се луфтираат, а потоа ставете ги во пластична кеса заедно со кесичките со природни миризби.

4. Песок за мачки – Истурете малку песок во пепелникот. Целосно ќе го отстрани непријатниот мирис на отпушоците од цигарите, а пепелникот ќе биде полесен за чистење.

5. Сода бикарбона – Вечерта, пред спиење, посипете сода бикарбона на тепихот, софата и рабовите на просторијата каде се пушело вечерта и исчистете го наутро.

 6. Крпа и оцет – Прво проветрете ја просторијата, а потоа натопете крпа во оцет и мавтајте низ просторијата една минута или две. Мирисот на цигарите треба целосно да исчезне.