Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ потврди дека е позитивна на коронавирусот, па следниот период ќе го помине во карантин.

Таа за тоа време ќе биде во својата вила во Дедиње, со нејзиниот син Вељко, кој исто така е позитивен на коронавирусот. Сопругата на Вељко, Богдана Ражнатовиќ и бебето се во Тител, во куќата на семејството на Богдана.

Единствено што е сигурно е дека на Цеци ќе и биде многу полесен карантинот, со оглед дека нејзината вила ги има сите услови за уживање.

Цеца никогаш не ги отвори вратите на својот дом за медиумите, но на Инстаграм, Анастасија и таа често објавуваат детали кои откриваат во каков луксуз ужива нивното семејство.

Ражнатовиќ првенствено има пространа дневна соба со повеќе телевизори. Дневната соба има многу скапи детали и мебел, вредни слики и други уметнички дела, па сè до прескапите украси.

На фолк дивата нема да и недостига ниту релаксација, бидејќи во рамките на вилата има огромен новоизграден спа центар, каде што можат да го поминат целиот ден ако сакаат. Исто така, како дел од куќата, Цеца има голема сала, каде обично организира прослави.

По раѓањето на нејзиниот внук Жељко, таа започна да вежба, во сопствената куќа. Така, пејачката има можност да ја избере не само просторијата, туку и подот на кој ќе тренира во својата вила.