Од 8,30 до 15 часот без електрична енергија ќе останат и жителите од улицата „Божин Николов”, а од 9 до 12 часот од улицата „Драчевска” во општина Кисела Вода.

Во временскиот период од 9 до 15 часот ќе немаат струја и на жителите од Хлоринаторна станица Водовод, селото Копаница и селото Рашче во општина Сарај, а од 10 до 12 часот, селото Јурумлери, Водоводната заедница Вардар, „Графохартија” и Водоводната станица Јурумлери.

Од 10 до 14 часот без струја ќе биде дел од улицата „Орце Николов”, делот кај Технолошкиот факултет и „Феит” и дел од булеварот Илинден во општина Карпош, а од 11 до 14 часот дел од улицата „Пелистерска” исто така во општина Карпош.