Познатиот српски доктор открил дека пушачите се, исто така, загрозена група која ризикува да развие потешки симптоми на корона вирусот. 

„Затоа што тој рецептор за кој се врзува вирусот кај воспаление на белите дробови е значително зголемен во белите дробови на пушачите и кај оние кои имаат хипертензија. Пушачите се склони на воспалние и кај овој вирус имаат потешка клиничка слика затоа што пушењето, се разбира, ги оштетува белите дробови. Тоа не треба и да се каже“, вели д-р Бранислав Нестровиќ. 

Тој објаснил дека пучашите баш како и оние кои имаат висок крвен притисок се позагрозени заради зголемениот АЦЕ ензим во белите дробови. 

– Тој е зголемен кај оние кои пушат, а за него најмногу се врзува вирусот. Така што оние кои имаат зголеме крвен присток, имаат уште повеќе од тие белковини, односно протеини во белите дробови, па вирусот полесно се врзува. Заради тоа таквите пациенти имаат потешка клиничка слика. Има тука и малку генетика, па постојат луѓе кои имаат предиспозиции да се разболат од кардиоваскуларни заболувања, па уште и ако пушат. Суштински гледано затоа тие групи се најзагрозени, заклучил д-р Нестровиќ.