Холивутскта ѕвезда Никол Кидман ретко зборува за бившиот сопруг Том Круз.

Кидман имала само 22 години кога се омажила за тогаш веќе популарниот Том Круз.

Во брак биле 10 години и за тоа време усвоиле две деца, Денес нема да ја слушнете Никол да споменува било што за Том.

Сепак, неодамна рекла дека бракот со Том ја направил да се чуствува сигурна како жена во Холивуд, а сега открива зошто денес одбегнува за зборува за бившиот сопруг.

“Сега имам нов сопруг. Со почит кон него не сакам да зборувам за тоа. Поминаа 20 години”, рекла Никол за еден магазин.

“Дојдов до точка кога можам да кажам дека не сакам да зборувам за својот бивши и тоа е добро чуство”, додала таа.

Никол денеска е во брак со музичарот Кит Урбан со кого има две ќерки.