Повеќето бебиња се раѓаат со сини очи, но ретко кое бебе останува со таа боја на очи. Според статистиките, 1 од 5 луѓе остануваат со сината боја на очи со која се родиле.

Зошто е тоа така?

Според научниците и оние кои ја истражуваат оваа тематика, одговорот на ова прашање е меланинот, пигментот кој ја определува бојата на кожата и косата..

Меланинот исто така ја определува и бојата на нашите очи. Повеќе меланин значи потемни очи, што значи дека луѓето кои имаат повисоко ниво на меланин во себе имаат кафени очи, додека пак луѓето кои имаат ниско присуство на меланин имаат сини очи, додека оние кои се измеѓу имаат зелени очи или очи со боја на лешник.

Бебињата се раѓаат со ниско ниво на меланин и нивото на меланин се зголемува како што растат. Ако нивото на меланин не се зголемува, тогаш нивните очи ќе останат сини. Доколку нивото на меланин се зголемува периодично и по малку, тие ќе станат зелени или ќе добијат боја на лешник. Во случај нивото на меланин да се зголеми значително, нивните очи ќе станат кафени.

Научниците велат дека оваа промена на бојата на очите кај бебињата се случува само кај белите бебиња затоа што тие најчесто се раѓаат со ниско ниво на меланин, за разлика од останатите раси чии бебиња се раѓаат со кафени очи заради зголеменото присуство на меланин и речиси никогаш не им се менува бојата.

Најчесто, оваа промена се случува околу 6 месеци од раѓањето, но може и да се случи и до третата година.