x

Евертон ќе добие „свежи“ 250 милиони фунти во својата каса од газдата Мошири

everton

Премиерлигашот Евертон ги живее најдобрите финансиски години можеби уште од постоењето на клубот. Наскоро, тимот од „Гудисон Парк“ ќе добие значително зголемување на капиталот. Иранскиот бизнисмен Фархад Мошири планира да ги зголеми своите вложувања во клубот, со дополнителни 250 милиони фунти за да купи уште дел од акциите на „карамелите“. 65-годишниот Мошири веќе поседува 77,2 проценти од акциите.

„Оваа инвестиција претставува добредојдена инјекција на капиталот на клубот во решавање на тековните финансиски предизвици предизвикани од кризата со корона“, објави клубот во краткото соопштение.

Управниот одбор на Евертон предлага да се издадат дополнителни акции и да му се продадат на Мошири.

„Тој е веќе наш мнозински акционер и оваа инвестиција ја истакнува неговата долгорочна посветеност кон Евертон“, дополнуваат од УО на клубот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата