x

Евертон ја прекина серијата без пораз на Челзи (ВИДЕО)

sigurdson-everton

Само еден гол и тоа од белата точка беше доволен да и се стави крај на неверојатната серија од 14 меча без пораз за момците на Френк Лампард. На вечерашното гостување на „Гудисон Парк“, Челзи го претрпе само вториот сезонски пораз, додека Евертон и се израдува на првата победа по серијата од два меча без триумф.

Клучен момент на дербито во Ливерпул беше 22. минута, кога домашните добија удар од 11 метри, а Сигурдсон ја зема одлуката во свои нозе, погоди и го донесе Евертон во водство од 1:0. До крајот на мечот резултатот остана непроменет на радост на домашните.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата