x

Евертон и Наполи се договориле: Алан се сели на „Гудисон парк“

alan

Англискиот премиерлигаш Евертон е блиску до услугите на халфот на Наполи Алан. И покрај тоа што за овој играч се интересираа Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд, сепак, Алан решил да му се приклучи на тимот каде што тренер е неговиот поранешен тренер Карло Анчелоти.

Според експертот за трансфери на „СпортИталија“ Алфредо Педула, двете страни ја договориле сумата. Најновиот предлог на Евертон е 25 милиони фунти плус 4-5 милиони фунти во форма на бонуси што во „превод“ изнесува приближно 35 милиони евра.

Наполи ја прифатил сумата иако првично за фудбалерот бараше 40 милиони евра. Следуваат да се решат уште некои ситни детали и во текот на оваа недела трансферот да биде финализиран.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата