x

Евертон „згрозен“ од Моис Кен и неговата забава со стриптизети за време на карантин!

Евертон објави дека е „згрозен“ од начинот на кој се однесува Моис Кен за време на карантинот поради коронавирусот. 20-годишниот италијански интернационалец објавил видеот од куќна забава во неговиот стан во Чешир на приватна група на „Снапчет“, при што весникот „Мирор“ тврди дека имало – „стриптизети, пиење и други сугестивни работи“.

Евертон е згрозен од начинот на однесување на фудбалерот Моис Кен кој ги игнорира препораките на Владата но и ја прекршува клупската политика. КЛубот изрази разочарување од играчот и јасно стави до знаење дека ваквите активности се целосно неприфатливи. Докторите напорно работат и се жртвуваат за да се изборат со оваа пандемија, а некои се однесуваат како деца. Најдобар начин да им помогнеме е да ги почитуваме нивните мерки и мерките на Владата“, изјавија од Евертон.

На Кен ова не му е прв ваков испад, поради лошо однесување беше исфрлен од репрезентација на Италија за време на Европското младинско првенство.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата