x

Евертон „гази“ – три од три

everton-radost1

Екипата на Евертон дојде и до третата победа во третиот меч во Премиерлигата. Тимот предводен од Карло Анчелоти, се препороди сезонава, и денеска го совлада составот на Кристал Палас.

Калверт-Луин во 10. минута донесе предност за Евертон, а израмни Кујате во 26. минута.

Сепак, Ричарлисон во 40. минута од пенал донесе ново водство, резултат кој беше актуелен до крајот на средбата, и покрај тоа што и двата тима имаа уште шанси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата