Актерката Ева Лонгорија ја сними својата прва насловна страница со својот син. Инаку, станува збор за магазинот „Хола”.

Сантијаго Енрике Бастон е ѕвезда на магазинот за кој неговата мајка откри дека на возраст од 43 години ужива повеќе од кога и да е во животот.

Оваа сликање се одржа по повод двегодишнината од американското издание на магазинот „Хола”, а мајката откри дека околу бебето најмногу ѝ помагале децата од претходниот брак на нејзиниот сопруг.

Ева се породи пред малку повеќе од еден месец, и таа наголемо работи, снима, но и одмора.

извор: Makfax