Брачниот статус не ги спречил очајните домаќинки Ева Лонгорија и Тери Хачер да разменат страствен бакнеж. Актерките пред тв-камерите сочно се бакнале, бидејќи така пишувало во сценариото за една од новите епизоди на “Очајни домаќинки”. Всушност, во новите епизоди актерките меѓу себе си разменувале многу бакнежи, а овој на Лонгориа и Хачер доаѓа по муабетот за бакнежот со учителката, лезбијка.

Ликот на Ева Лонгорија, Габриела Солис во серијата на двапати ја бакнува Сузан (Хачер) за да провери дали станува збор за пријателски или лезбијски бакнеж. “Јас не ја бакнав неа, таа ме бакна мене”, изјавила Тери Хачер.

Лонгорија пак додала: “Па, јас сум извонреден бакнувач. Тери требаше да ми одговори на бакнежот, а патем беше таму, но јас морав да ја одработам целата работа”.