Просто е неверојатно колку најпознатите светски фудбалери имаат слабост кон манекенките и актуелните и ексубавици, кои се лепат на нив како магнети. Во енормно долгата листа на вакви љубовни двојки, неодамна се вклучи и првиот голман на најславниот светски фудбалски клуб, Реал од Мадрид, Икер Касиљас. “Малиот”, кој на теренот изгледа како “учениче” што се интересира само за петки и добро поведение, во слободното време не седи мадро, туку си брка работа. И тоа, одлично. Шпанските папараци, пред неколку дена се пофалија дека направиле снимки од еден ексклузивен ресторан во Севиља, каде што живи ги фатиле Касиљас и Ева Гонзалес, која се прослави во 2003 година, кога ја освои ласкавата титула Мис на Шпанија. Интересен е коментарот на убавицата, која на новинарите, буквално им изјавила: “Она што се гледа на фотографиите, не е тоа што мислите”, а на прашењето, што бара раката на Икер на нејзината нога, “малата” конечно признала: “Па, да, има нешто меѓу нас. И, што сега?”. Па, ништо.