Во зградата на Општинскиот и Кантоналниогт суд во Сараево утринава стигна дојава дека во објектот има експлозивна направа, пренесува Klix.ba.

Сите вработени биле веднаш евакуирани, а припадниците на Министерството за вцнатрешнби работи во Кантонот Сараево изведуваат контрадиверзиони прегледи на зградата. Сараевскиот портал потсетува дека ова не е прва дојава за поставена бомба во некој од судовите во тој град. Досега сите дојави беа лажни.

извор: Makfax