Српскиот епидемиолог и член на кризниот штаб, Предраг Кон изјавил дека нема сомнеж дека коронавирусот се враќа.

– Без разлика дали ќе се врати со поголема сила, ние ќе го чекаме. Овој вирус ни покажа дека не знаеме ништо за него, и дека едноставно сè што обично се случува со респираторни вируси, е тоа што во овие месеци, во овој дел од годината е многу активен и способен за пренесување – рекол д-р Кон, како гостин во шоуто „Око“ на РТС.

Кон посочил дека вирусот најмногу се пренесува во Белград на одредени прослави, како забави и родендени, но и со донесување торта во компанијата.

– Сепак, имаме скоро меѓу 57 и 58 проценти од оние кои не знаат како се заразиле, што јасно покажува дека вирусот циркулира во Белград – рече Кон.

Тој изјавил дека новата состојба е нешто што не може да се игнорира и дека мора да се сфати многу сериозно и дека граѓаните мора да се придржуваат кон мерките.