Во продажба се два музички диска од Бигорската Обител и Манастирот Рајчица – “Малиот молебен канон на Пресвета Богородица”, кој е испеан од монахињите на Бигорскиот метох, манастирот “Свети Георгиј Победоносец” во дебарското село Рајчица и “Молебниот канон на Свети Јован Крстител”, во чест на неговата чудотворна икона, испеан од монасите на Свештената Бигорска Обител.

Дисковите може да се купат во продавницата на Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица или да се порачаат на телефонските броеви 070 342 970 и 070 733 722.

Чинат по 400 денари или 700 денари, доколку се купат двата.