Како што е познато, жените се многу пребирливи, без оглед дали сакаат постар или помлад партнер. Ако сакате да дознаете што ги привлекува најмногу кај спротивниот пол, одговорот не треба да го барате кај нив лично. Ако сакате да знаете, подобро би било да се потпрете на историјата на машко-женските односи. Во тие релации жените го имаат главниот збор. Тие се тие кои праќаат сигнали и секогаш во секоја пригода знаат кого и зошто го одбираат. Постои цела хиерархија на листата на оние кои се попосакувани од другите. Не е точно дека само богатите момчиња се нивна мета. На врвот на најпожелби се наоѓаат оние кои се духовити, згодни, паметни, самоуверени – со други зборови – верни, односно мажи со цврст карактер и убави манири. Кога ќе ја погледнете листата на најпосакувани личности, логично е да се запрашате – дали тоа значи дека без вакви карактеристики немам шанси? Одговорот е одноставен – не! Што треба да направите? За мажите најдобар совет е да ја набљудуваат саканата жена и да не ја слушаат секогаш што зборува таа – така полесно ќе успеат да ја разберат и да допрат до неа. Некои жени мажот од соништата го гледаат како заштитник, способен да ја чува и да се грижи за неа. На некои им е поважно нивниот избраник да биде духовит и забавен, а на други да е успешен и богат. Сепак, секоја духовитост, успешност и заводливост паѓа во вода, ако избраникот не е нежен, добар кон нив и внимателен. Убавиот гест и збор за жените најчесто ја имаат пресудната улога во изборот. Покрај тоа, не би било лошо постојано да ја имате на ум изреката – најпребирливите жени најчесто завршуваат со некој кој ни од далеку не ги исполнува нејзините претходни критериуми. Посакувани или не, порано или подоцна ќе бидете избрани.