Филипинската здравствената служба брзо го поправи претседателот Родриго Дутерте, кој лошо ги советуваше граѓаните да ги дезинфицираат заштитните маски со бензин.

Дутерте предложил високо-запалива течност како замена за средство за дезинфекција, пренесува „Фокс њуз“.

„На крајот на денот, кога ќе ја закачите маската некаде, испрскајте ја со средство за дезинфекција ако можете да си го дозволите“, рече Дутерте и додаде дека другите можат да ја натопат маската во бензин или дизел гориво бидејќи така „ковидот ќе нема никакви шанси“.

Сепак, заменик секретарката на здравствениот сектор на Филипините, Марија Розарио Вергеира, напомена дека претседателот се шегува и дека граѓаните не треба да го сфаќаат неговиот совет сериозно.

„Вие знаете како изгледаат обраќањата на нацијата на нашиот претседател. Ова е веројатно една од неговите шеги, особено онаа за бензинот“, рече Вергеира на прес-конференција.

извор: Makfax