Оперскиот пејач Игор Дурловски го коментира 92. место на Македонија меѓу 180 земји во светот на листата на „Репортери без граници“ според слободата на печатот (медиумите).

„Можеби сме на 92 место во слобода на медиуми, но затоа сме први по број на добиени датуми за пристапни преговори“, иронизира на Фејсбук носителот на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ.