x

Дури 23 играчи на белоруски клуб заразени со КОВИД-19

Хокеарскиот клуб Неман Гродно од Белорусија се предвори во центар на коронавирус откако 23 хокеари беа идентификувани како позитивни на КОВИД-19.

Заболени од првиот тим се Валтери Хетанен, Јонас Хури, Сами Јекунен и Тимо Хилтунен кои пристигнале од родната Финска. Заразени се уште голманот Виктор Мојсенко и напаѓачот Никита Бастрикин.

Освен тоа има и 17 регистрирани случаи во јуниорскиот тим на овој белоруски клуб.

Вкупно 23 членови на овој клуб се заразени со КОВИД-19. Инаку Белорусија е една од малкуте држави во светот каде се одржуваат спортски натпревари и тоа без забрана за присуство на публика

Белорускиот претседател Александар Лукашенко уверуваше дека во државата нема коронавирус, а тој дури одигра хокеарски натпревар со членови на овој клуб. А еден негов соиграч, екс-хокеарот Дмитри Мелешко пред некој ден бил примен во болница со знаци на пневмонија, а подоцна било утврдено дека е заразен со коронавирус.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата