Многу родители веројатно воопшто не се свесни дека силното нишање на бебињата може да биде многу опасно. Според проценките на стручњаците, само во Германија од година во година дури до 200 бебиња се здобиваат со оштетувања на мозокот поради синдромот на силно нишање на бебето.

Како одговорни најчесто во ваквите случаеви се татковците или личностите од машки пол коишто се грижат за бебето, а кои најчесто губат контрола кога ќе се почувствуваат немоќно, тврди Бербл Милих, министер за социјални прашања и интеграција во покраината Баден-Виртемберг.

Доволно е само неколку секунди да се практикува силното нишање за бебето да добие повреди опасни по неговиот живот. Тоа е така затоа што вратната мускулатура кај бебињата не е доволно силна за да ја држи главата исправена, а која на таа возраст е релативно голема во однос на целото тело.

Многу родители за жал на се свесни за овој факт, а како можни последици од силното нишање може да се појават крварење во мозокот, епилепсија, како и доживотен тежок хендикеп.

Кога бебето многу плаче, родителите често се чувствуваат неспособни, немоќни и напуштени, а нешто што во овој случај најмногу може да помогне е навремената помош и информирањето коишто позитивно влијаат на чувствителниот однос помеѓу мајката, таткото и детето, смета Андреас Оберле, директор на Социјалнопедијатрискиот центар, установа којашто со најразлични совети им помага на родителите.