x

Дурански се враќа во Силекс!?

duranski-sileks

Како што дознава СПОРТМЕДИА, по само 9-10 месеци Филип Дурански, искусниот играч за врска, би можел одново да го облече дресот на Силекс. Да потсетиме дека некогашниот капитен на кратовци во февруари направи трансфер од Кратово во Серед, во тим од Првата лига на Словачка. Со оглед на тоа дека договорот на Дурански му истече, нема да биде сензација да се врати во Кратово. Јасно е дека Силекс за Дурански секогаш била добра опција.

Инаку Филип Дурански, кој има 29 години, порано играше и за Работнички, Хоризонт Т, Скопје, Славија Прага, Млада Болеслав.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата