Вицепремиерот Садула Дураку ги критикуваше албанските универзитети во земјата и новиот кадар што излегува од тие универзитети. Тој за емисијата „Клик Плус“ изјави дека образовните институции и професорите треба да бидат поодговорни за кадарот што го произведуваат, затоа што според него, студентите кои излегуваат од албанските универзитети не знаат да напишат ниту едно барање.

– Ние сами раководие со институциите. Нас никој не не спречува во институциите, сами раководиме со институциите како Универзитетот во Тетово, Мајка Тереза, итн. И сега е многу лесно да се критикуваат политичарите, но од раководителите во образованието, треба да се има поголема одговорност. Каков кадар произведуваме ние? Јас сум работел и како професор во средно образование. Сега, јас немам право да оценувам, на крај на денот професорите оценуваат. Но, јас гледам, кога доаѓа нашиот кадар не знае едно барање да направи, рече Дураку.

На оваа констатација на вицепремиерот реагираше новинарот прашувајќи го: Значи вие велите дека нашите студенти, дипломираат и не знаат едно барање да напишат?

– Јас немам право да оценувам, затоа што не сум универзитетски професор, но таму каде ние раководиме, и нам кога ни доаѓаат во администрација, и луѓето кои доаѓаат во администрација, од тие универзитети доаѓаат, од тие средни училишта, констатираше Садула Дураку.