x

Дураковиќ нов член на португалски Депортиво Де Фатима

Македонскиот интернационалец Мирза Дураковиќ е нов член на португалскиот тим Депортиво Де Фатима.

Голманот кој веќе извесен период настапува во оваа фудбалски сериозно развиена земја, реши зимава да ја промени средината и од тимот на Мариненсе, да се пресели во Де Фатима. Клубот има сериозни амбиции да се пресели во погорен ранг, а има и шанси за такво нешто затоа што во моментов се наоѓа на вотото место во третолигашката конкуренција.

„Секако дека сум задоволен што правам трансфер. Одлично се чувствувам во Португалија, земја која фудбалски е одлична за напредување. Ги има сите услови за такво нешто. Голема благодарност до клубот кој ми пружи шанса да настапувам досега, голема благодарност до новиот клуб кој што ме ангажираше, и секако до Панче Георгиевски човекот кој е заслужен за овој трансфер“ – вели Дураковиќ за СПОРТМЕДИА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата