Челните луѓе на спортот во Бразил ќе побараат од интернационалната атлетска федерација нивниот маратонец Вандерлеј де Лима да добие втор, по- чесен златен медал по инцидентот во кој еден ирски свештеник го собори нивниот атлетичар во финишот на трката во која водеше. Претседателот на олимпискиот комитет на Бразил изјави дека неговата земја нема намера да му го одземе златото на Балдини (Италија) туку да побара дупликат златен медал по неверојатната грешка на организаторот. Ако меѓународната атлетска федерација го одбие ова барање, ОК на Бразил најави и жалба до меѓународниот спортски суд во Лозана. Судот во Атина го осуди поради овој инцидент поранешниот ирски свештеник Корнелиус Хоран на една година затвор и парична казна од 3605 евра. Судот соопшти дека на Хоран му е одредена условна казна поради неговата нестабилна психолош ка состојба.