Хрватскиот “Дукат” го стопираше откупот на свежо сурово млеко од 180 фарми во источна Хратска, поради констатацијата за зголемено ниво на афлатоксин.

Оваа привремена одлука е донесена врз основа на резултатите од анализата на паралелниот ситем на контрола на “Дукат” на суровото млеко на афлатоксин и дополнителните анализи на независна лабораторија, а откупот ќе продолжи откако фармите ќе потврдат дека можат да испорачаат здравствено исправно млеко.

Имајќи предвид дека изворот на афлатоксинот е контаминираната добиточна храна, “Дукат” во обидот да им помогне на фармерите што побрзо да го решат проблемот, обезбеди пристап до микофиксатори.