Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) останува на ставот дека во моментот не треба да се прави кратење на платите во јавната администрација.

Министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека ДУИ ги следи сите случувања со приходите и расходите во Буџетот, а во зависност од тоа како ќе се одвиваат приходите во месеците април и мај, ќе бидат донесени соодветни одлуки со цел Буџетот да биде ликвиден, а истовремено државата да има можност да ги плати и пензиите, социјалните трансфери и платите во јавната администрација.

Бектеши додаде дека државата треба да продолжи и со продуктивните капитални проекти кои ќе дават позитивен импакт во економската активност во целина во државата.

извор: Makfax