Претседателот на Собранието Талат Џафери на прес конференција  во врска со идејата за премиер Албанец рече дека од денеска, ДУИ се откажуваат од ексклузивитетот на оваа идеја и ги повика албанските партии да подготват заедничка платформа па пратениците од овие партии кои ќе влезат во новото Собрание да се обврзат дека ќе ја дадат политичката доверба на она мнозинство во Собранието кое ќе ја прифати и ќе ја реализира оваа идеја.

Ајде првин ние партиите на Албанците во Македонија да се обединиме околу оваа идеја, да и дадеме натпартиски предзнак и со тоа да ги охрабриме албанците да се обединат околу нивните интереси. Ние нудиме премиер Албанец , но не по секоја цена од ДУИ и ова преставува силно подадена рака до партиите на Албанците заеднички да застанеме зад оваа идеја. Еве денес испраќаме јавна понуда со која се откажуваме од ексклузивитетот на на оваа идеја и ајде да оформима заедничка платформа, заедничка декларација, да дадеме завет и беса пред граѓаните дека сите ние избраните пратеници во следното Собрание ќе се обврземе дека ќе ја дадеме политичката доверба на она мнозинство во собранието кое ќе ја прифати и ќе ја реализира оваа идеја. Тое е сериозна понуда и храбра политичка одлука но ве уверувам, тоа е најдобриот начин да ја вратиме довербата на албанците во политиката, во нас политичарите дека без разлика на нашите несогласувања, во клучните моменти за клучните прашања имаме капацитет и доблест да се обединиме во интерес на граѓаните, рече Џафери.