Демократската Унија за Интеграција соопшти дека се ангажира за потполно владеење на правото и правната држава, што е, како што вели партијата, апсолутен приоритет на сите.

„Ние продолжуваме силно да го поддржуваме правилното владеење на правото, и за да стигнеме до европска правда, треба да ја искорениме селективната политички и етнички мотивирана правда со одлуки кои се основаат на нарачки а не на закон. Неселективната правда се постигнува преку целосен Ветинг на обвинителите, судиите и политичарите.

На кревката доверба на институциите на правдата во очите на граѓаните како последица на постојаните политички влијанија, потфрлувањето на специјалното обвинителство, рекетот и алчноста, Боки 13, Сваровски и Луи Витон мотивите треба да и се стави крај.

Една земја членка на НАТО и во процес на преговори за членство во Европската Унија треба да се грижи за интегритетот на институциите, правната предвидливост и некорумпирана правда.

ДУИ го подржува Ветингот за сите и нема да го коментира денешниот случај се до завршување на постапките во највисоките инстанци“ соопшти партијата.

извор: Makfax