ДУИ на Али Ахмети инсистира премиерот Зоран Заев да го предложи поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими за гувернер на Народната банка, објави Коха.

Како што изјавил висок функционер на ДУИ за весникот, тоа се предвидува со коалицискиот договор меѓу партијата на Али Ахмети и СДСМ за формирање на влада по предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Според Коха, интегративците предлагаат актуелната шефица на централната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, да стане министерка за финансии, откако Антикорупциската комисија оценила дека Заев дека не може долго да ги извршува овие надлежности.