x

Дуел на ТИТАНИТЕ, време е за Ел Класико: Ова се можните состави на Барса и Реал…

el-klasiko-deneska

 

Попладнево во 16 часот закажан е првиот меч сезонава меѓу Барселона и Реал Мадрид. Ова е најголемото дерби во клупскиот фудбал во светот. Ова е дуел на ТИТАНИТЕ, се останато, па макар и за тие два часа, ќе биде во втор план, па и коронавирусот која Шпанија како и цела Европа, па и светот, ја тресе од темел.

Меч кој ќе биде крајно неизвесен, и двата гиганти се надвор од форма, посебно “кралевите“ кои добија голема шлаканица во ЛШ од Шахтјор. Се игра на “Камп Ноу“, тоа значи дека Барса со новиот стратег Роналд Куман би требало да бидат во предност, барем онаа хартија.

Јасно е дека до последен момент се кријат составите, посебно оној на Зинедин Зидан за кого се вели дека ако загуби од Барса, ќе добие отказ од Флорентино Перез.

Шпанските медиуми утринава искочија со следните состави, секако веројатно за големиот дуел, за новото Ел Класико.

БАРСЕЛОНА: Нето, Даст, Пике, Ленгле, Жорди Алба,Бускетс, Де Јонг, Кутињо, Гризман, Меси, Фати.

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Начо, Варан, Серхио Рамос,Менди, Каземиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Винициус, Бензема.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата